Дома Топ вести Потврдено: Сане ќе си замине од Манчестер Сити!

Потврдено: Сане ќе си замине од Манчестер Сити!

Лерој Сане нема да потпише нов договор со Манчестер Сити и тоа јасно го ставил до знаење на клубот.

Сане веќе подолго време во медиумите се поврзува со заминување, а сега Пеп Гвардиола јавно ја потврди желбата на фудбалерот да го напушти клубот.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


„Ако откако сезоната заврши клубовите се договорат за оштетата Сане ќе си замине ова лето, ако тогаш тоа ќе го направи наредното лето кога ќе му заврши договорот“, изјави Гвардиола.

Клубот кој Гвардиола не го именуваше веројатно е Баерн Минхен. Сане минатото лето имаше скоро договорен трансфер во Германија меѓутоа се пропадна кога тој заработи тешка повреда во Комјунити Шилд.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Вакво нешто не се памети во Македонија: РК Вардар спектакуларно го претстави новиот дрес! (Видео)

Ракометниот клуб Вардар ги одбројува последните денови до почетокот на новата сезона, а по…