Дома Фудбал Репрезентации Потврдено: Нејмар може да биде спремен само за финалето!

Потврдено: Нејмар може да биде спремен само за финалето!

Ситуацијата со повредата на Нејмар изгледа посериозна отколку се сметаше на почетокот.

Ѕвездата на Бразил се здоби со повреда на глуждот во првиот меч против Србија. Се очекуваше Нејмар да ги пропутши само второто и третото коло од групната фаза, но ситуацијата е далеку полоша.

ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓


Вестите кои прво ги пласираа медиумите сега ги потврди таткото на Нејмар.

„Нејмар мислам дека ќе се врати за финалето. Тој ќе направи се за да му помогне на тимот да стигнат до златниот пехар. Најважно е да се врати тогаш кога ќе биде максимално спремен. Нејмар има големо влијание на играта на Бразил“, изјави таткото на фудбалерот.

Бразил вечерва игра против Камерун, но овој натпревар за „Кариоките“ нема големо значење затоа што веќе го имаат обезбедено пласманот во нокаут-фазата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Де Брујне нема да ја носи легендарната „десетка“ на Марадона

Белгискиот ас Кевин Де Брујне и официјално е едно од најголемите засилувања на Наполи во п…