Дома Фудбал Германија Потврдено: Лев останува селектор на Германија

Потврдено: Лев останува селектор на Германија

Јоаким Лев ќе продолжи да го води националниот тим на Германија и покрај дебаклот на Светското првенство во Русија, потврди денес „Билд“.

Лев ги предводеше „панцирите“ до светската титула во 2014 година, но на актуелниот Мундијал доживеа дебакл и беше елиминиран во групната фаза.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Лев веќе 12 години е на чело на германската репрезентација и има договор до 2022 година, а „Билд“ денес потврди дека ќе го одработи до крај.

Се очекува во наредните денови Германскиот фудбалски сојуз официјално да потврди дека Лев ќе остане на кормилото на „панцирите“ и дека нема да има никави промени.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Феде Валверде објасни за испадот на гнев при замената

Федерико Валверде одигра многу силен натпревар во победата на Реал Мадрид против Реал Соси…