Против времено не може.
До Мунијалот има уште само 15 дена, а прогнозираат дека на Салах ќе му бидат потребни три недели за закрепнување, од Египет најавија дека играчот ќе биде подготвен за Мундијалот, но прашањето е дали тоа беа вести само за охрабрување на навивачите.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Имено, големо е прашањето дали Салах ќе може да заигра веднаш по тие три недели. На играчите во оваа ситуација им се додава уште една недела од целиот проес, така да отсуството од теренот би требало да биде околу месец дена.
„Ќе пробаме да го опоравиме, но не може многу брзо да се врати. Тој е тажен, го разбирам. Ќе направиме се за да заигра на Мундијалот, но против некои работи не можете“, изјави Рубен Понс, физиотерапевтот на Ливерпул.
Речиси е сигурно дека одличниот египетски фудбалер нема да заигра на отворањето на Мундијалот, кога неговата селекција ќе игра против Уругвај, а според проценките би можел да се врати за третиот натпревар од групната фаза против Саудиска Арабија.