Дома Топ вести Потврда од Шпанија: Интер спрема мега-понуда за Меси

Потврда од Шпанија: Интер спрема мега-понуда за Меси

Се погласни се шпекулациите за спектакуларен трансфер на Лионел Меси во Интер.

Договорот на Меси со Каталонците истекува следното лето и се повеќе се пишува дека сака да замине.

Меси не е во добри односи со челниците на Барса бидејќи е незадоволен од нивната работа, а токму поради тоа одбива да потпише нов договор. Оваа ситуација Интер сака да ја искористи и ќе му понуди на Меси да се пресели на „Џузепе Меаца“ следното лето.

Во тој случај Меси ќе пристигне како слободен играч, но Интер подготвиле неверојатна сума за него. Наводно, му понудиле опција да потпише четиригодишен договор вреден 260 милиони евра.

Оваа вест вчера ја објави „Газета дело Спорт“, а денес пристигна потврда од Шпанија, од еминентната „Чирингуито ТВ“.

Интер му понудил 65 милиони евра бруто плата по сезона или 260 милиони евра за 4 години.

Сепак, преговорите со Барса за продолжување на договорот се во тек и Меси може да ја искористи оваа ситуација за да добие подобар договор од Каталонците.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Лукаку донесе победа за Интер во Германија, конечно победа за Марсеј по 13 порази во ЛШ 🎥

Интересна вечер во Лигата на шампионите е зад нас. Еден од натпреварите со најголемо значе…