Директорот на европскиот шампион Баерн Минхен, Ули Хенес потврди дека Тијаго Алкантара е на излезни врати од Баерн.
Хенес дури и објави дека Алкантара има договор со Манчестер Јунајтед или Ливерпул. Тијаго подолго време се поврзува со Ливерпул меѓутоа „црвените“ не сакаа за него да платат 30 милиони евра затоа што договорот му истекува за една година.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Од друга страна чудно изгледа интересот од Манчестер Јунајтед затоа што „црвените ѓаволи“ во средниот ред ги имаат Ван Де Бек, Погба и Бруно Фернандеш.
„Тијаго доби понуда за одличен договор, но тој се предомисли. И изгледа дека веќе има договор со Ливерпул или Манчестер Јунајтед“, изјави Хенес за германските медиуми.