Романскиот претставник во Челинџ-купот, екипата на Потаиса Турда е овогодишен освојувач на ова трето по квалитет европско натпреварување. Во финалето е поразена екипата на АЕК од Грција.

Сите дилеми романскиот претставник ги реши уште на првата средба, на свој паркет. Тој натпревар заврши со триумф на Потаиса, со резултат 33:22 (14:11).

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Реванш средбата се одигра во Атина и заврши со пирова победа на АЕК, кој славеше со резултат 27:26 (11:18).

Од трите натпреварувања под капата на ЕХФ остана незавршена уште Лигата на шампионите, чиј фајналфор се игра овој викенд.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Вардар потпиша долгогодишен договор со Бобан Поповски

Македонскиот ракометен гигант Вардар соопшти дека потпишал долгогодишен договор со младиот…