Дома Фудбал Останато Постигна гол и го бакна грбот на Украина, сега го чека казна од УЕФА

Постигна гол и го бакна грбот на Украина, сега го чека казна од УЕФА

Фудбалерите на Бенфика синоќа ремизираа против Ајакс (2-2) во првиот меч од осминафиналето на Лигата на шампиони, а мечот го одбележа украинскиот напаѓач Роман Јаремчук.

Јаремчук во игра влезе во 62-та минута од натпреварот додека Бенфика губеше со 1-2 и 10 минути подоцна успеа да погоди за 2-2, а потоа стана главна тема откако го соблече дресот и ја покажа маичката на која беше грбот на Украина.


Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓


Покрај жолтиот картон, Украинецот може да се соочи и со построга казна од УЕФА, но тоа не го загрижува.

Со оглед на фактот дека УЕФА не толерира политички пораки на своите натпревари, прославата на голот на Јеремчук беше прекината во преносот во живо.

„Украинец сум и горд на тоа. Илјадници километри сум одалечен од дома и сакав да им дадам поддршка на сите кои се под притисок на тензии во мојата татковина. Ова е наша држава, наша историја, наша култура“, порача Јаремчук.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Судиски аналитичар за голот на Милан: Ова е срамота!

Голем револт во Србија предизвика судењето на Хесус Гил Манзано, Шпанецот кој го водеше на…