Македонскиот фудбалер Даниел Аврамовски кариерата ќе ја продолжи во Сараево и наскоро ќе се придружи на подготовките во Анталија.
Аврамовски долго време се поврзуваше со трансфер во Сараево, чиј тренер е Александар Васовски, кој силно го посакува својот сонародник.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Босанските медиуми пренесуваат дека после долги преговори двете страни кончено нашле заеднички јазик. Аврамовски ќе потпише договор на две и пол години.
Аврамовски по одличните игри во Вардар, замина во Турција, а негов последен клуб беше Кајзериспор. По раскинувањето на договорот, тој како слободен играч ќе се пресели во Сараево.