Дома Фудбал „Постигнав гол како Марадона? Ве молам, не претерувајте…“

„Постигнав гол како Марадона? Ве молам, не претерувајте…“

ЏУД БЕЛИНГЕМ јасно покажува зошто Реал летово го направи најскапиот играч во историјата на клубот. Доколку се исполнат сите клаузули од договорот, Борусија Дортмунд за него ќе добие 130 милиони евра.

Белингем и во Наполи во Лигата на шампионите покажа дека е најдобар играч на Реал. По само девет натпревари за Реал веќе има осум гола и три асистенции.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


На стадионот Диего Марадона, тој ја прими топката на центарот, а потоа нанижа пет ривали до шеснаесетникот кога дојде пред голот го заврши велемајсторскиот слалом со погодок. Секако, во медиумите и на социјалните мрежи веднаш почнаа споредбите со оној на чиј стадион го направи ова чудо.

По натпреварот, Белингам ги коментираше овие споредби: “Дали постигнав гол како Марадона? Ве молам не претерувајте. Тоа е премногу. Од она што го видов на Јутјуб, тој беше малку подобар од мене. Поточно, многу подобар од мене…“

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Манчестер Јунајтед ќе се обиде да го задржи Мегваер со нов договор

Управата на Манчестер Јунајтед ќе му понуди нов договор на Хари Мегваер, соопштуваат разли…