Дома Фудбал Англија После „замрзнувањето“ следуваат тешки денови за Челзи, еве што значи ова за клубот!

После „замрзнувањето“ следуваат тешки денови за Челзи, еве што значи ова за клубот!

Актуелниот европски шампион Челзи денес доби тежок удар, откако британските власти го „замрзнаа“ целиот имот на сопственикот Роман Абрамович.

Челзи нема да смее да продава билети и на натпреварите ќе можат да присуствуваат само навивачите со сезонски билети, забранета е продажбата во официјалните продавници, како и нови трансфери и договори со фудбалери.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Сините“ ќе добијат специјална дозвола да продолжат да работат како фудбалски клуб, но со многу ограничувања. Клубот од „Стемфорд Бриџ“ може да потроши за едно гостување максимум 20.000 фунти.

Најавено е и повлекување на главниот спонзор, телекомуникациската компанија “Three” која плаќа 50 милиони евра по сезона, па ќе биде доведена во знак прашање ликвидноста на клубот да ги исплаќа платите кон фудбалерите.

„Замрзната“ е и продажбата на клубот.  Се шпекулира дека властите можат да дадат специјална дозвола за продажба, но ниту една фунта не смее да заврши кај рускиот милијардер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Луис Диаз ја даде „зелено светло“ на новиот клуб, Барселона повторно остана без засилување

Сите во Барселона очекуваа дека клубот ќе го заврши доведувањето на Нико Вилијамс од Атлет…