Дома Трансфер зона После Донарума и Чалханоглу Милан може бесплатно да го изгуби и Кеси?

После Донарума и Чалханоглу Милан може бесплатно да го изгуби и Кеси?

После Донарума и Чалханоглу уште еден клучен играч би можел да го напушти Милан без оштета.

Проблем како и во претходните два случаи претставува висината на договорот, поточно параметрите кои ги одредиле сопствениците. Франк Кеси ќе биде слободен наредниот јуни, ако не постигне договор, засега Африканецот не се откажува и ги бара парите кои Милан ги нема.


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Малдини му соопштил дека постојат точно граници до кои може „Елиот“ да оди. Тоа е 6.5 милиони евра по сезона.

Но, Кеси бара осум, плус два во бонуси. Наводно, Кеси има понуда од ПСЖ и сака Милан да ја изедначи или барем да се приближи.

Репрезентативецот на Брегот на Слоновата Коска сигурно ќе има понуди и од англиските клубови, пред се тука се мисли на Ливерпул и Тотенхем кои веројатно можат да му понудат повеќе.

„Газета дело Спорт“ го споменува и Јувентус, меѓутоа прашање е колку тие имаат пари. Кеси го сакаа уште додека играше за Аталанта, но тогаш Милан беше побрз и понуди повеќе.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Реал го сака бекот на Манчестер Јунајтед

Реал Мадрид е во потрага по десен бек кој ќе биде долгорочна замена за Картвахал и тоа ќе …