Дома Актуелно Последниот натпревар помеѓу Сити и Шалке: Германците ги имаа Ноер и Ракитиќ, а „граѓаните“ Стариџ…

Последниот натпревар помеѓу Сити и Шалке: Германците ги имаа Ноер и Ракитиќ, а „граѓаните“ Стариџ…

sturidge12.18

Вчерашниот ждреб за осминафиналето во Лигата на шампиони сакаше во оваа фаза да се сретнат Манчестер Сити и Шалке.

Денес Сити и е моќен тим кој го напаѓа трофејот во најелитното европско натпреварување, а иако во нивниот последен натпревар не беше така „граѓаните“ славеа победа со 0:2. Овој натпревар беше одигран пред повеќе од 10 години.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Беше тоа на 27-ми ноември 2008 година, а Шалке на својот стадион го пречека Манчестер Сити во натпревар од Купот на УЕФА.

За Манчестер Сити тогаш во првиот тим играа: Џо Харт, Мика Ричардс, Ричард Дан, Винсент Компани, Хавиер Гаридо, Диетмар Хаман, Стивен Ајланд, Шон Рајт-Филипс, Бенџани Маварувари, Даниел Стариц и Дариус Весел. Тренер беше Марк Хјуз.

Ништо помалку од денешна преспектива не беше и составот на Шалке: Мануел Ноер, Марсело Бордон, Рафиња, Хелко Вистерман, Кристиан Пандер, Халил Алтинтоп, Џермеин Џонс, Иван Ракитиќ, Орландо Енгелар, Џеферсон Фарфан, Кевин Курањи.

Натпреварот заврши 0:2 во корист на Манчестер Сити, а головите ги постигнаа Стивен Ајланд и Бенџани Маварувари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Актуелно

Проверете

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…