Вчера и денес на програмата ги имаме реванш натпреварите од 1/8 финалето на ЛШ, а вечерва голема неизвесност се очекува на „Драгао“ каде Порто и Рома ќе водат жестока битка за четвртфинале.
Може ли домаќинот да стигне до голем успех?
Порто ја брка предноста од Рома која ја создаде во првиот натпревар со резултат 2:1, но сигурно е дека оваа португалска екипа овој дуел не го дочекува со добро расположение. Имено, Порто беше поразен од големиот ривал Бенфика и сигурно самодовербата им е на ниско ниво. Наместо да земат три бода, тие беа поразени и тоа покрај што постигнаа први гол. Поради сето тоа, Порто го изгуби првото место во домашниот шампионат, па неизвесно е дали ќе успеат повторно да земат титула. Исто така беа поразени и во финалето на Лига Купот, а тоа додатно ги разочара. Сепак, за азлика од првиот натпревар во Рим, Порто на располагање ќе ги има Корон и Марег, но и понатаму ќе бидат без Абубакара кој има проблеми со повреди.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Волчицата игра да ја спаси сезоната!
Од друга страна фудбалерите на Рома засега имаат доста турболентна сезона. Имено, екипата од Рим се наоѓа на 5-та позиција на табелата во Серија А, а овој натпревар го дочекуваат исто како и противникот во лошо расположение. Тие во последниот натпревар беа убедливо поразени од градскиот ривал Лацио со 3:0. Пред тоа, Рома изигра неколку добри натпревари и беа во серија од три врзани победи, а потоа следеше шок на градското римско дерби. Кога е во прашање ЛШ, тука Рома веќе неколку сезони наназад игра одлично, но некако нема среќа да стигне до поголем успех. Тоа што може да биде проблем околу составот за вечерашниот дуел е Манолас кој се уште не се знае дали ќе го гледаме на теренот.
Веројатни состави:
Порто: Касиљас, Милитао, Пепе, Фелипе, Телеш, Херера, Переира, Корона, Брахими, Соареш, Марега.
Рома: Олсен, Флоренци, Фацио, Манолас, Коларов, Нзонзи, Де Роси, Пелегрини, Заниоло, Ел Шарави, Џеко.