Дома Фудбал Останато Поранешен селектор на Македонија во тешка состојба поради ковид-19

Поранешен селектор на Македонија во тешка состојба поради ковид-19

Поранешниот селектор на Македонија Џон Тошка е во тешка состојба поради коронавирусот.

Според информациите на медиумите Тошак е на интезивна нега во болница во Барселона и има тежок облик на пневмонија. Поради проблемите со дишењето Тошак е поставен на механичка вентилација со помош на респиратор.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Македонската репрезентација Тошак ја водеше од 2011 до 2012 година, а довербата му ја укажа Хари Хаџи-Ристески кој во тој момент беше прв човек на федерацијата.

Во кариерата 72-годишниот Тошак имаше прилика да го води и славниот Реал Мадрид, како и репрезентацијата на Велс. Најдобрите денови како играч ги помина во Ливерпул и Кардиф.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Струга гази сè пред себе – падна и Тиквеш за „пет од пет“ (Видео)

Струга Трим Лум ја продолжи победничката серија во Првата македонска фудбалска лига и во р…