Дома Останати Кошарка НБА Поранешен НБА кошаркар: Јокиќ е еден голем лажго!

Поранешен НБА кошаркар: Јокиќ е еден голем лажго!

Mинатата сезона екс-кошаркарот, Џеј Џеј Редик даваше поддршка за Никола Јокиќ, но сега го нарече српскиот кошаркар голем лажго и тоа во моментите кога тој беше прогласен за најдобар кошаркар за месец ноември во Западната конференција.

Српскиот кошаркар беше убедливо најдобар минатиот месеци, а и понатаму е прв кандидат за МВП титулата. Поранешниот ас на Орландо, Ла Клиперс, Филделфија и Њу Орлеанс изјави дека не паѓa на приказната дека Јокиќ не размислува на кошарка во текот на летото и  одмора цело лето.


Ќе игра ли Елмас против Баерн Минхен!? ↓↓↓


„Искрено не верувам во тоа. Не верувам во приказната како оди дома и не чепка кошарка, а потоа доаѓа и во првата недела има просек од 30 поени, 12 скока и девет асистенции“, изјави Редик.

Јокиќ седми пат во кариерата го доби признанието за најдобар во НБА лигата и тоа е нов рекорд за тимот од Колародо. Од почетокот на сезоната Јокиќ има просек од 29 поени, 13.2 скокови и 9.2 асистенции.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Го добивме најплатениот тренер во историјата на НБА!

Познатиот стратег Стив Кер кој со голем успех го води тимот на Голден Стејт доби нов догов…