Eурофарм Пелистер го запиша и вториот пораз во СЕХА лигата откако вечерва загуби на гости кај Нексе со 29:25.
Битолскиот состав првите два натпревари во регионалното натпреварување ги играше на гостински терен, меѓутоа и двете ги загуби. Откако во првото беа поразени од Војводина сега изгубија и од Нексе.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Во текот на целиот натпревар Нексе водеше, Пелистер ниту еднаш не поведе, а трипати имаше реми во првото полувреме и тоа беше се што видовме од македонскиот претставник.
Најефикасен во редовите на Еурофарм Пелистер беше Радовиќ со пет гола од пет шута, четири постигна Костески, Кизиќ собра пет одбрани.
Во следното коло ке се игра на 2. март Еурофарм Пелистер ќе биде домаќин на Војводина.