
По скандалот со неговата девојката Гигс нема да го води Велс во наредните натпревари.
Имено, медиумите објавија дека легендата на Манчестер Јунајтед физички ја нападнал неговата девојка. Гигс подоцна ги демантираше таквите обвинувања, тврдејќи дека ништо не се случило.
Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓
Сепак, поради целиот случај тој одлучи привремено да се повлече од селекторската позиција на Велс и нема да ја води репрезентацијата во натпреварите против САД, Ирска и Финска кои се играат овој месец. Во зависност од тоа во кој правец ќе се развива ситуацијата Гигс ќе одлучи дали ќе се врати на позицијата.
Во споменатите три натпревари Велс ќе го предводи помошникот на Гигс, Роберт Пејџ.