Дома Топ вести Понуда од соништата за Мурињо: Нов проект и 600 милиони евра буџет!

Понуда од соништата за Мурињо: Нов проект и 600 милиони евра буџет!

Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез спрема голема реконструкција на тимот, а главна желба за тренерското столче е Жозе Мурињо, пренесуваат шпанските медиуми.

„Диарио Гол“ пренесува дека Перез е спремен да го „наоружа“ Мурињо со буџет од неверојатни 600 милиони евра за нови засилувања и така да започне нова ера на „галактикоси“.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


Мурињо оваа сезона се мачи во Манчестер Јунајтед и нема да биде изненадување ако на крајот на сезоната добие отказ поради слабите резултати. Сепак, на Мурињо му се допаѓа идејата да се врати на „Сантиаго Бернабеу“ и е спремен да го раскине договорот со „црвените ѓаволи“.

Во Мадрид се спрема грандиозен проект и многу фудбалски ѕвезди се на списокот на „кралевите“. Медиумите пренесуваат дека на радарот на Реал Мадрид се наоѓаат Хари Кејн и Ериксен од Тотенхем, ѕвездата на ПСЖ Нејмар, како и Погба и Сергеј Милинковиќ-Савиќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Димитриевски херој за Валенсија: Одбрани пенал во 119. минута! (ВИДЕО)

Екипата на Валенсија со голем мака избори пласман понатаму, совладувајќи го второлигашот К…