Дома Фудбал Англија Понуда која не се одбива: Легендарниот „Вембли“ добива нов сопственик за 800 милиони фунти!?

Понуда која не се одбива: Легендарниот „Вембли“ добива нов сопственик за 800 милиони фунти!?

Сопственикот на лондонски Фулам, американскиот милијардер со пакинстанско потекло Шахид Кан на Фудбалскиот сојуз на Англија понудил 800 милиони фунти за купување на „Вембли“!

Најголемиот англиски стадион е дом на репрезентацијата на Англија и привремено на Тотенхем, а Кан на ФА понудил 500 милиони во кеш, 300 милиони преку угостителството кое ќе и припадне на ФА.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Управниот одбор денес ја добил оваа понуда која секако ќе биде разгледана. Медиумите на Островот пишуваат и дека е премногу добра за истата да биде одбиена.

ФА изгради нов „Вембли“ со капацитет од 90.000 места на стариот во 2007 година, а изградбата чинеше 757 милиони фунти. Треба да се истакне и дека е земен кредит кој ќе се исплаќа до 2024 година.

Во случај на продажба на „Вембли“ овој стадион и понатаму би останал дом на репрезентацијата, финалето на ФА Купот, плеј-офот за пласман во Премиер лигата, како и финалето на англиската рагби лига, додека новиот сопственик би ги добил спонорските права.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

„Скај Спортс“ објави кога ќе си замине Анчелоти од Реал Мадрид

Реал Мадрид загуби од Арсенал на реваншот од четвртфиналето во Лигата на шампионите. Откак…