Фудбалерите на Барселона вчера во еден супер интересен натпревар ја совладаа Гранада со 5:3 после продолженија и се пласираа во полуфиналето од Кралскиот куп.
Гранада имала предност од 2:0 до 89. минута, но тогаш Барселона успеа да изедначи на 2:2 и да го однесе натпреварот во продолженија.
Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
На крајот во продолженијата Каталонците стигнаа до победа од 5:3. Додека играчите беа на теренот имаше и тензии на клупите.
После четвртиот гол на Барселона директен црвен картон доби помошникот на Куман Алфред Шрудер кој ја провоцираше клупата на Гранада.
Шпанските медиуми пишуваат дека Шрудер при прославата на голот ја провоцирал клупата на Гранада и стручниот штаб на овој тим. Поради директниот црвен картон веројатно и ќе добие дополнителна суспензија.