Дома Македонски спорт Полувреме: Шкупи одлично му парира на Динамо, но и е – опасен!

Полувреме: Шкупи одлично му парира на Динамо, но и е – опасен!

Во рамки од второто квалификациско коло за групната фаза од Лигата на шампионите, денес во Скопје се сретнаа екипите на Шкупи и Динамо Загреб.

Динамо Загреб уште пред првиот натпревар важеше за фаворит, но македонскиот шампион прво на „Максимир“ каде одигра 2:2 покажа дека нема лесно да се предаде, а и денес во реваншот чирчани одиграа одлични први 45 минути (0:0).


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Мечот започна мирно и двете екипи беа повеќе претпазливи кон својот гол. Првата посериозна прилика ја имаше Динамо Загреб кога после еден корнер одлично интервенираше голманот Наумовски. Веднаш на спротивната страна Шкупи возврати со удар од далечина на Адентуџи.

Следната голема шанса повторно беше пред голот на Наумовски кој и овој пат по една мешаница излезе како победник. Но, во продолжение од полувремето Шкупи создаде две супер прилики. Прво Хамиди си создаде простор за удар некаде кон средината на полувремето, неговиот удар одеше директно во рацете на Ливаковиќ.

Најголемата прилика за гол Шкупи ја имаше во 40 минута кога Цепхас се најде во добра прилика од десната страна, шутираше, а неговиот удар заврши покрај голот. Покрај овие поголеми прилики, видовме и уште по некоја полушанса на двете страни.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Македонските ракометарки поразени од Хрватска

Женската ракометна репрезентација загуби од Хрватска со 18-26 во рамки на турнирот „Кроаци…