Вардар денес игра исклучително важен натпревар против Порто во Лигата на шампионите.
Денешниот натпревар Вардар одлично го започна и после голот на домаќините стигна до 1:3. Меѓутоа после тоа водство на Вардар следуваше пад во нашата игра и Порто стигна до 5:3. Вардар во тој момент намали на 5:4. Одново Порто направи +3. (7:4).
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Од тој момент повеќе се играше гол за гол и така беше се до 26. минута кога Шишкарев со еден убав гол го донесе Вардар на -9 (10:9).
Вардар имаше само -1 најмногу благодарение на неверојатно Марко Кизиќ кој до тој момент имаше 9 интервенци и тоа поголемиот дел од нив беа чисти зицери. Ваков настап на еден голман на Вардар не сме виделе од поодамна.
Во последните секунди Вардар имаше напад за изедначување, меѓутоа не успеа да го реализира па Порто замина со предност од 11:10.
Кизиќ полувремето го заврши со 47% одбранети удари, Дибиров засега нема свој ден и има 0/3. Најефикасен кај Вардар е Шишкарев со четири гола.