Дома Македонски спорт Мак фудбал Полувреме без голови: Мицевски немаше среќа – погоди статива (ВИДЕО)

Полувреме без голови: Мицевски немаше среќа – погоди статива (ВИДЕО)

Денес во рамките од македонската прва лига на „Тодор Проески“ својот натпревар го играат екипите на Работнички и Вардар.

Во 69-тото соседско дерби после 45 минути резултатот е 0:0.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Првото полувреме не донесе преголеми возбудувања. Вардар ја имаше иницијативата, меѓутоа црвено-црните не создадоа повеќе сериозни прилики пред голот на Шишковски.

Најголемата шанса за водство ја пропушти Мицевски кога со удар од далечина ја погоди стативата. Прилика имаше и Колевски во 38-тата минута, но резултатот не се промени.

Составите со кои започнаа двете екипи:

Работнички:

Шишковски, Илиќ. Херера, Петковски, Ацковски, Тошевски, Марковиќ, Силјановски, Клисура, Стојков и Шаркоски.

Вардар

Гачевски, Тошевски, Најдовски, Мицевски, Колевски, Аврамовски, Новак, Попзлатанов, Младеновски, Адем и Брдаровски.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Фудбалските надежи на Македонија до 19 години ќе одиграат два натпревари со Словачка

Репрезентацијата на Македонија до 19 години кон средината на април ќе одигра два контролни…