Дома Видео Полски коментатори се изнасмеаа на замената на Алегри 🎥

Полски коментатори се изнасмеаа на замената на Алегри 🎥

Јувентус во вчерашниот попладневен термин во Серија А ја совлада Венеција со 2:1, а со ремито во натпреварот помеѓу Рома и Болоња кое се играше нешто подоцна „старата дама“ и математички го обезбеди местото во Лигата на шампионите за наредната сезона.

„Старата дама“ не блескаше, но одигра колку што е потребно за да се освојат бодовите, двата гола на натпреварот беа дело на Леонардо Бонучи. Вториот гол дојде на десетина минути пред крајот на натпреварот.

Веднаш по тој гол на Бонучи Масимилијано Алегри се реши да ја зацврсти одбраната и на местото на Душан Влаховиќ во игра влезе Џорџо Киелини. Ваквата ситуација низ смеа беше дочекана кај полски коментатори кои претходно на шега прогнозираа дека Алегри ќе направи ваква измена.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Видео

Проверете

Готово: Газдите на Сити го купија и Палермо!

Meдиумите во Италија попладнево пренесуваат дека работата е завршена и газдите на Манчесте…