Дома Фудбал Лига на шампиони Покетино: Тоа што се случуваше е срамно, не можеме да молчиме!

Покетино: Тоа што се случуваше е срамно, не можеме да молчиме!

Tренерот на ПСЖ Маурисио Покетино како главна причина за поразот на неговиот тим од Реал Мадрид го истакна судењето.

Покетино е убеден дека при израмнувачкиот гол на Бензема францускиот напаѓач го фаулирал Донарума.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„Ова е срамно! Не можеме да молчиме, невозможно е вакви работи да се случуваат во 2022 година. Кога ќе примите таков гол се врти целиот натпревар. Очигледно беше дека има прекршок. Од секој можен агол се гледа дека имаше фаул, не можам да разберам зошто ВАР не реагираше“.

„Двомечот беше решен во 10 минути. Ние бевме подобриот тим, меѓутоа во фудбалот е најважно да ги користите шансите, денес ние бевме и максимално оштетени. По тој гол дојде пад во нашата играта“, изјави Покетино.

Забелешки на судењето имаше и спортскиот директор Леонардо, а претседателот Келаифи наводно и влегол во просторијата на судиите по мечот – тука.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

„Бомба“: Еден од најголемите ривали на Ѓоковиќ стана негов тренер!

Новак Ѓоковиќ го потврди својот нов тренер и тој е големо изненадување. Имено во подготовк…