Дома Фудбал Тер Штеген успешно опериран

Тер Штеген успешно опериран

Голманот Марк-Андре тер Штеген минал успешна операција на бедрото, соопшти неговиот клуб Жирона.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Тој ја доби повредата минатиот викенд кога го одигра само својот втор натпревар за Жирона откако беше позајмен од Барселона.

Од Жирона објаснија во официјална изјава дека зависи целосно од напредокот во неговото закрепнување дали Германецот ќе игра пред крајот на сезоната. Самиот Тер Штеген напиша на социјалните мрежи дека ќе отсуствува неколку месеци.

Германскиот селектор Јулијан Нагелсман изјави пред неколку недели дека голманот може да биде меѓу неговите избраници, но мора да игра. Сепак, голманот нема да биде на негово располагање за пријателските натпревари со Швајцарија и Гана во март.

Сè уште не е јасно дали Тер Штеген ќе се опорави за Светското првенство во фудбал во САД, Канада и Мексико.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ливерпул го чека уште една турбулентна сезона: Реконструкцијата само што започнува, а Слот е пред тежок предизвик

Ливерпул се наоѓа пред големи промени. „Црвените“ минатото лето потрошија речиси половина …