
Реал Мадрид со години е симбол на гламур, големи имиња и уште поголеми суми, но една информација што циркулира низ фудбалските кулоари предизвика прилично подигнати веѓи.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Фајза Ламари, мајката на Килијан Мбапе и истовремено неговата агентка, од Реал годишно инкасира дури 4,5 милиони евра нето, и тоа директно од платата на нејзиниот син.
Во прашање е договор кој јасно покажува колку сериозен проект е Мбапе за клубот од Сантијаго Бернабеу, но и колку моќна преговарачка позиција имало неговото семејство.
Она што ја прави оваа приказна уште повпечатлива е споредбата со играчите од актуелниот состав на Реал. Фајза Ламари, барем финансиски, стои над низа фудбалери кои секојдневно го носат белиот дрес.
Според достапните информации, мајката на Мбапе заработува повеќе од Андриј Лунин, Франко Мастантуоно, Раул Асенсио, Фран Гарсија, Гонзало, Брахим Диаз и Арда Гулер.