Дома Фудбал Лига на шампиони Покетино: Не го менувам Кејн за Роналдо!

Покетино: Не го менувам Кејн за Роналдо!

Менаџерот на Тотенхем, Маурицио Покетино изрази надеж дека неговиот најдобар фудбалер Хари Кејн ќе може да игра против Реал Мадрид во Лигата на шампиони.

„Оптимисти сме дека ќе игра утре, но не можам да кажам ништо 100% сигурно. Останува уште еден ден до натпреварот, но ние можеме да го победиме Реал и без него. Ние ќе се обидеме да победи без разлика дали Хари ќе игра или не“, изјави Покетино на пресконференцијата.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„И Кејн и Кристиано се неверојатни. Треба да се респектира тоа што го прави Роналдо последните години. За мене Кејн е најдобрата „деветка“ во светот и не го менувам со никого, дури ни со Кристиано“, заклучи аргентинскиот стратег.

„Треба да играме слободно и да уживаме во натпреварот. После натпреварот со Реал во Мадрид игравме против Ливерпул, Вест Хем и Манчестер Јунајтед, секој меч е испит. Тоа што Реал загуби од Џирона нема никаква врска со утрешниот меч“, додаде Покетино.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Ван Нистерлој добива понуда од Премиер лигата

Руд ван Нистерлој беше помошник на Тен Хаг во Манчестер Јунајтед, а потоа и на четири меча…