Дома Фудбал Останато Покетино не ги сакал Меси, Рамос и Донарума

Покетино не ги сакал Меси, Рамос и Донарума

Тренерот на ПСЖ, Маурисио Покетино ги влошил односите со клупското раководство поточно со спортскиот директор Леонардо, а причината за тоа се летните трансфери.

Имено, аргентинскиот стратег не ги сакал Лео Меси, Серхио Рамос и Донарума, кои ова лето пристигнаа во ПСЖ како слободни агенти.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Покетино сметал дека составот со кој работи е преголем и треба да биде редуциран и дека со доаѓањето на овие три ѕвезди само ќе се наруши балансот и односите во соблекувалната.

Покрај споменатите тројца во ПСЖ летово пристигнаа уште Вајналдум, Нуно Мендеш и Аштраф Хакими.

Нарушениот однос со раководството е една од причините поради кои Покетино сака да го напушти клубот на крајот на сезоната. „Светците“ исто така не се задоволни од него и веќе бараат нов тренер.

„Екип“ пренесува дека ПСЖ веќе започнал преговори со Зинедин Зидан и тој е прв избор за богатиот француски клуб.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Пикси ќе стане минато: Мурињо би можел да ја спасува Србија!?

По дебаклот против Англија, во Србија владее вистински очај, никој не го посакува Драган С…