Tренерот на ПСЖ, Маурисио Покетино проговори за шпекулациите дека Килијан Мбапе веќе одлучил од лето да игра за Реал Мадрид.
Токму Реал Мадрид ќе биде противникот на ПСЖ во осминафиналето од Лигата на шампионите. Првиот натпревар на програмата е на 15. февруари, а реваншот се игра во главниот град на Шпанија на 9. март.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Килијан одлуката за својата иднина ќе ја донесе после натпреварот со Реал Мадрид во Лигата на шампионите. Во овој момент целосно е фокусиран да направи што е можно подобри работи со ПСЖ“.
„Станува збор за голем професионалец, го почитуваме сите. Знаеме дека негова е одлуката. Меѓутоа тоа не го оптеретува и секогаш дава максимум во дресот на ПСЖ“, изјави Покетино.