Шпанските гигнати Реал Мадрид и Барсеолона ќе ги одмерат силите во Суперкупот на Шпанија на 11-ти и 14-ти август, потврдија денес шпанските медиуми.
Првиот натпревар ќе се игра на „Камп Ноу“ на 11-ти во петок, а возвратниот меч е на „Сантиаго Бернабеу“ три дена подоцна, односно на 14-ти август.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Интересно е што тимот на Зидан само три дена претходно, на 8-ми август игра во Скопје против Манчестер Јунајтед за Суперкупот на Европа.
Претходно на 29-ти јули Барселона и Реал Мадрид ќе го одиграат првото „Ел Класико“ ова лето и тоа во Америка, што ќе биде и деби за новиот тренер на Каталонците, Ернесто Валверде.