Барселона и Манчестер Јунајтед се се поблиску до договор за трансфер на Френки де Јонг на „Олд Трафорд“, но самиот играч продолжува да одбива да ја напушти Барселона.
Холанѓанецот е решен да остане во Барса и моментално нема намера да ја промени својата одлука, а позната е причината поради тоа.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Каталонски „Спорт“ објави дека Де Јонг не сака да замине од Барселона затоа што има неверојатен договор според кој од сезоната 2022/23 би заработувал по 50 милиони евра бруто, односно 25 милиони евра нето.
Холанѓанецот моментално заработува 16 милиони евра, но според договорот од следната сезона неговата плата ќе порасне на 25 милиони евра.
Токму тоа е и причината поради која Барселона сака да го продаде и инсистира на неговиот трансфер.
„Црвните ѓаволи“ може да му понудат добри услови, меѓутоа не можат да му гарантираат 25 милиони евра по сезона нето.