Дома Фудбал Германија Познато е кога ќе се врати Марио Геце!

Познато е кога ќе се врати Марио Геце!

Марио Геце нема да игра фудбал до крајот на оваа сезона, а во Борусија се надеваат дека тој целосно ќе биде подгтовен за наредното првенство.

Геце, по враќањето во Дортмунд, најголем дел од сезоната пропушти поради повредеи, а потоа беше дијагностицирано дека тој боледува од миопатија, ректа болест која предизвикува распаѓање на мускулното ткиво.

ВАР во македонскиот фудбал – Разговор со Дејан Јакимовски | Уште еден поткаст


Оваа ретка болест предизвикува распаѓање на мускулното ткиво, поради што на Геце веднаш му забранија да тренира и секаков физички напор, но за среќа првите реакции од терапијата се позитивни.

„Веруваме дека лекувањето ќе мине без проблеми. Геце позитивно реагира на третманот и доколку се биде во ред очекуваме тој да биде со тимот кога ќе ги започнеме летните подготовки“, изјави извршниот претседател на Борусија, Ханс-Јоаким Вацке.

Во изминатите шест години Геце имаше 11 различни повреди на мускулите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Хумелс на неговиот последен натпревар во кариерата дојде со новата девојка, не го повикал синот

Поранешната сопруга на германскиот фудбалер Матс Хумелс изјави дека нивниот седумгодишен с…