Дома Македонски спорт Мак ракомет Познати термините на ракометарите за Светското првенство

Познати термините на ракометарите за Светското првенство

Светската ракометна федерација ги објави термините во кои ќе се играат натпреварите на Мундијалот во Франција.

Дел од ракометниот Мундијал ќе биде и репрезентацијата на Македонија, која партиципира во Б групата, во која се и Шпанија, Словенија, Исланд, Тунис и Ангола. Натпреварите во оваа група ќе се играат во Мец.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


Македонија првиот меч на Светското првенство ќе го одигра на 12-ти јануари во 16:45 часот против Тунис.

Ривали во преостанатите три кола на македонските ракометари ќе им бидат Ангола (14 јануари, 20:45 ч.), Словенија (16 јануари, 17:45 ч), Шпанија (18 јануари, 20:45 ч) и Исланд (19 јануари, 17:45 ч).

Пласман во осминафиналето ќе изборат првите четири репрезентации во групата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Томовски на крај на сезоната го напушта Потсдам

Македонскиот репрезентативен голман Мартин Томовски на крајот од актуелната сезона ќе ја з…