Минатата година 36-годишниот Жиру дојде од Милан во Челзи и тоа се покажа како одличен потег на „росонерите“. Напаѓачот прерасна во еден од клучните фудбалери.
Жиру во минатата сезона постигна 11 голови на 29 натпревари, а сезонава игра во уште подобра форма и веќе има девет гола на 18 натпревари.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Италијанските медиуми пренесуваат дека Милан му нуди нов договор, „Кориере дело Спорт“ ги открива и деталите. Според информациите Милан на Жиру му нуди едногодишен договор со плата од 3.5 милиони евра посезона, тоа е истата сума од сегашниот договор кој го има.
Жиру не би требало да прави проблем и потписот се очекува да го стави после Светското првенство Катар на кое што се надева дека ќе учествува. Селекторот Дешамп се уште не го објавил конечниот список на Французите.