Реал Мадрид сигурно ќе биде многу активен на трансфер пазарот ова лето и ќе донесе најмалку една голема ѕвезда.
Веќе подолго време се шпекулира дека „кралскиот“ клуб сака да ги донесе Килијан Мбапе и Ерлинг Халанд, но шпанските медиуми откриваат дека друг фудбалер е главен приоритет.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Имено, планот на претседателот Флорентино Перез е да ја купи ѕвездата на Тотенхем, Хари Кејн.
Интересот за Халанд и Мбапе постои, но Перез смета дека во моментов таков трансфер би чинел премногу и смета дека Кејн може да пристигне за помала сума.
Англиските медиуми пак тврдат дека Кејн веќе донел одлука и на лето сигурно ќе го напушти Тотенхем.