Дома Фудбал Англија Погледнете колку заработуваат англичаните од ТВ правата!

Погледнете колку заработуваат англичаните од ТВ правата!

Фудбалерите на Челзи вчера ја прославија титулата шампион на Англија откако во последното коло од Премиер лигата го совладаа Сандерленд со 5:1.

После очајната сезона во која „сините“ не се изборија ниту за место во Европа, оваа година Челзи се врати во врвот на англискиот фудбал. Со доаѓањето на Антонио Конте клубот од Лондон започна да игра на вистински начин, па на две кола пред крајот ја обезбедија титулата.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


Како и секоја година клубовите од Англија заработија огромни суми од ТВ правата. Натпреварите на Челзи беа најскапи за пренесување, па тимот на Конте заработи неверојатни 152.8 милиони фунти.

На второто место по заработката е Манчестер Сити кој заработи 149 милиони иако имаа ист број на директни преноси како и Челзи. Најмногу натпревари оваа сезона беа пренесувани на Ливерпул, 29. „Црвените“ од ТВ правата инкасираа нешто повеќе од 148 милиони фунти.

Интересно е што Челзи заработи 50 милиони повеќе од Лестер кој минатата година стигна до шампионската титула. Секако тоа е така бидејќи натпреварите на Челзи беа поскапи од оние на Лестер.

 

 

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Реал Мадрид го испраќа на позајмица младото чудо во кое вложи 60 милиони евра

Изгледа дека Реал Мадрид ја реши ситуацијата со својот млад напаѓач Ендрик, кој ќе се обид…