Тоа го кажа и за Манчестер Јунајтед, но ваквата порака би можела да го налути Мурињо со оглед дека Јунајтед го очекува гостување на „Алијанц Арената“.
Пол Погба се враќа во Торино на една вечер, во среда во Лигата на шампионите.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Знаев дека ќе го извлечеме Јувентус, му кажав на мојот брат дека тоа ќе биде лудило, едноставно таквите работи се судени“, изјави Погба.
Какво е чуството?
„Јувентус е мој дом, таму имам многу пријатели, тоа е моја соблекувална. Се што научив беше таму, од Буфон и Киелини, растев покрај нив и Пирло. И сега сум во контакт со Дибала, Квардадо, Бонучи, Јувентус е мој клуб“, истакна Французинот.
Тој не крие дека би сакал да се врати, но шансите Јунајтед да го пушти за 70 милиони евра како што се најавуваше се навистина минимално, скоро е невозможно.
Павел Недвед кој е дел од клупската управа на Јувентус потврди дека ја следат ситуацијата.
„Јасно е дека ова е негов клуб, но тој сега е играч на Манчестер Јунајтед. Следиме што се случува“, изјави Недвед.
https://youtu.be/Gm81hVwicoc