Дома Фудбал Италија Погба пред крај на кариерата: Обвинителот побара максимална казна!

Погба пред крај на кариерата: Обвинителот побара максимална казна!

Фудбалерот на Јувентус и екс-француски репрезентативец Пол Погба кој падна на допинг-тест е суспендиран, но се уште не е познато на колку време ќе биде неговата суспензија.

Италијанските медиуми денес пренесуваат дека обвинителот побарал максимална казна од четири години суспензија за играчот од средниот ред.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Суспензија од четири години многу веројатно ќе значи и крај на кариерата за францускиот фудбалер кој во изминатиот период имаше и сериозни проблеми со повреди.

Погба одредено време се соочува со проблеми, а токму и поради повредите многу малку играше во Јувентус по враќањето од Манчестер Јунајтед.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Артета за нерешениот резултат против Баер: Ја промашивме шансата, шансите се 50:50

Микел Артета, тренерот на Арсенал, го сподели своето мислење за ремито (1:1) против Баер Л…