Дома Фудбал Италија Погба имаше најдобра намера, но со последниот потег уште повеќе го налути Јувентус

Погба имаше најдобра намера, но со последниот потег уште повеќе го налути Јувентус

Пол Погба е под договор со Јувентус, и сака да ја продолжи кариерата во Торино (ТУКА), но во италијанскиот гигант сакаат прекин на соработката.

Французинот сега организираше прес-конференција на која зборуваше дека фокусиран на Јувентус и изрази надеж дека ќе се врати во црно-белиот дрес.

Погба истакна дека дури е подготвен и да ја намали платата, меѓутоа тоа не го менува ставот на Јувентус, напротив потегот со прес-конференцијата уште повеќе ја налутил „старата дама“.

Според договорот, тој не смеел сам да организира медиумски конференции без присуство на луѓе од клубот, што е само дополнителен мотив челниците на Јувентус да го раскинат договорот со Французинот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Манчестер Сити на тест против Ливерпул на Енфилд

Манчестер Сити ја брани својата совршена серија во Премиер лигата против Ливерпул на Енфил…