Дома Фудбал Англија „Погба знае дека не може да го напушти Јунајтед“

„Погба знае дека не може да го напушти Јунајтед“

Пол Погба во Манчестер Јунајтед нема подеднакво квалитетен играч, смета неговиот брат Матијас.

Готово цело лето се шпекулираше дека Пол Погба може да го напушти Манчестер Јунајтед.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


За него најсилен интерес покажуваше Реал Мадрид, но на крајот „кралевите“ не беа спремни да ја платат сумата која ја бараа „црвените ѓаволи“.

„Пол знае дека не може да го напушти Јунајтед и затоа максимално ќе се посвети на клубот. Не е лесно, бидејќи има голема одговорност“, смета Матијас.

„Многу добри играчи заминаа од клубот ова лето. На негово ниво остана само уште Де Геа, кој е голман. Тоа значи дека од Пол се очекува најмногу на секој натпревар“, заклучи братот на Погба.

Французинот ги одигра сите четири натпревари од почетокот на сезоната и забележа две асистенции.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Стигна од Барселона во Монако и веднаш им се „закани“ на противниците

Летниот трансфер период е активен во Барселона, а каталонскиот клуб одлучи една од своите …