Дома Фудбал Останато Погба: Знаев дека тоа ќе ме прашате, но веројатно знаете дека мојата фризура често се менува

Погба: Знаев дека тоа ќе ме прашате, но веројатно знаете дека мојата фризура често се менува

Пол Погба разговараше со новинарите откако неговата Франција одигра 2:2 со Португалија во Будимпешта.

Французите претходно ја обезбедија нокаут фазата, а вчера со бодот го потврдија првото место и во осминафиналето ќе се сретнат со Швајцарија.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Новинарите Погба го прашаа дали е случајност што неговата коса е црно-бела или на некој начин сака да ја покаже желбата да се пресели во Јувентус.

„Знаев дека тоа ќе ме прашате. Го очекував ова прашање. Не размислувам сега на иднината, фокусиран сум на Европското првенство. Кога е мојата фризура во прашање знаете дека таа секогаш се менува“, изјави Погба.

Погба од поодамна се поврзува со враќање во Јувентус, но Манчестер Јунајтед засега одбива да го продаде.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Арбелоа започна со работа во Реал, а за дебито повика петмина фудбалери од академијата

Алваро Арбелоа, во своето прво именување како нов тренер на Реал Мадрид, одлучи за дуелот …