Дома Фудбал Англија „Погба е заедно со Пјаниќ и Модриќ најдобар на светот“

„Погба е заедно со Пјаниќ и Модриќ најдобар на светот“

Пред дуелот помеѓу Манчестер Јунајтед и Јувентус дефанзивецот на „старата дама“, Бонучи особено го пофали својот поранешен соиграч Пол Погба.

Бонучи се радува на новата средба со Погба и нема дилема дека тој е еден од најдобрите играчи за врска во светот.

Од лозје до чаша: Уметноста на виното со Теодор Бојаџиев | Уште еден поткаст


„Разговарав со Погба пред седум дена и му реков да не чека во Манчестер. Ќе ми биде многу драго да го видам повторно, но ќе мора да бидеме внимателни бидејќи нема да биде лесен натпревар“, истакна Бонучи.

„Погба е еден од најдобрите играчи за врска во светот заедно со Модриќ и Пјаниќ. Играв со него и ги знам неговите квалитети. Му посакувам се најдобро, но не на утрешниот натпревар. Утре сакам да го победам“, заклули Италијанециот.

Бонучи потоа откри дека ова лето имал понуда од Манчестер Јунајтед, но ја одбил за да се пресели во Јувентус.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Eден фудбалер на Ливерпул по дебаклот доби посебни критики: Беше ужасен!

По двата тешки порази во Премиер лигата (0:3 против Сити и Нотингем Форест), Ливерпул имаш…