Јувентус и Јунајтед повторно ќе ги одмерат силите. Овој пат, домаќин ќе биде италијанскиот тим, а домаќините се надеваат на сличен резултат од Манчестер.
Погба се враќа на местото каде што се прослави, а веќе доволно комплицирана е ситуацијата околу неговата кариера во Манчестер, Мехди Бенатија успеа уште повеќе да ја закомплицира, или можеби да ги реши сите мистерии?
Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓
Се споменува дека Погба би можел да го напушти Јунајтед. Разни опции се во игра, а помеѓу останатото е и враќање во Јувентус. Навивачите се поделени, има и такви кои би сакале да го видат повторно во овој дрес, но јасно е дека клубот од Торино мора да издвои огромни пари за да го доведе повторно Погба.
Погба стави слика на Инстаграм и напиша „Емотивно враќање во Торино“, а дефанзивецот на Јувентус, Бенатија напиша коментар: „Врати се дома, брате“.
Ова сепак не е обично добредојде, повеќе звучи како повик. Дали со оваа порака 31-годишниот дефанзивец сака нешто да каже?
„Добро ми е во Јунајтед. Јас сум под договор со овој тим и сакам да победувам во овој дрес, но во иднина никогаш не знаете што ќе се случи“, изјави Погба на прашањето дали би се вратил во Јувентус и дополнително ја загреа оваа ситуација.