Дома Фудбал Европско првенство во фудбал ЕУРО Победа на Аргентина на стартот на Копа Америка против одличната Канада 🎥

Победа на Аргентина на стартот на Копа Америка против одличната Канада 🎥

Репрезентацијата на Аргентина со победа ја започна одбраната на титулата на Копа Америка, „Гаучосите“ беа подобри од Канада со 2:0.

Одиграа Канада и Аргентина офанзивен натпревар со многу шанси и возбудувања, а на крајот се радуваа светските шампиони.

ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓


И покрај динамичното темпо првиот гол го видовме во 49. минута кога погоди напаѓачаот на Манчестер Сити, Хулијан Алварез. Конечните 2:0 во завршницата ги постави Лаутаро Мартинез.

Лионел Меси имаше неколку добри прилики, меѓутоа не успеа да се запише во листата на стрелци. Во второто коло на 26. јуни Аргентинците ги чека натпревар против Чиле, а во групата е и Перу.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Европско првенство во фудбал ЕУРО

Проверете

Франција отвори истрага против Мбапе за сомнителни исплати

Француската фудбалска федерација отвори истрага против Килијан Мбапе. Причината се сомните…