Дома Останати Тенис Муратоглу: Ѓоковиќ стои зад своите ставови, дури и кога сите се против него

Муратоглу: Ѓоковиќ стои зад своите ставови, дури и кога сите се против него

Патрик Муратоглу, познатиот тениски тренер, нагласи дека има огромна почит кон сè што прави Новак Ѓоковиќ.

Французинот особено спомена еден сегмент, кој не е толку поврзан со тенисот.

„Знаете ли што најмногу сакам кај Новак? Тој е голем шампион, кому не му е важно мислењето на другите луѓе. Има свои ставови и уверувања зад кои стои, дури и ако сите се против него. Тоа е неверојатно“, истакна Муратоглу.

Патрик ја поддржа својата теза дополнително.

„Живееме во свет каде сите следат трендови и се плашат да направат нешто лошо. Новак е внимателен, но кога верува во нешто, никој не може да го запре. Тоа е навистина посебно и тие се вредности кои ги ценам особено во оваа денешно време на социјалните мрежи и сето што ги следи“, заклучи Муратоглу.

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Лоши вести за Ѓоковиќ: Медведев го помина првото коло во Пекинг

Данил Медведев го победи Пабло Карењо-Буста и се пласираше во второто коло на АТП турнирот…