Дома Фудбал От Арсенал го потврдија првиот од неколкуте очекувани трансфери

От Арсенал го потврдија првиот од неколкуте очекувани трансфери

Арсенал официјално го потврдиа привлекувањето на крилото Нони Мадуеке од Челзи.

Фудбалерот кој игра по крилните позиции пристигнува на “Емирати” во зделка од 48.5 милиони фунти како фиксна сума плус уште 3.5 милиони во форма на бонуси, кои релативно лесно можат да се исполнат.

Самиот Мадуеке пак потпиша договор за пет години со “топчиите”. Тој го напушта “Стенфорд Бриџ” по две и пол сезони во тимот на “сините”, откако беше ангажиран за 29 милиони фунти од ПСВ Ајндховен во зимата 2023 година.

Тој забележа вкупно 20 голови и 9 асистенции во дресот на Челзи во 92 натпревари. Неговото последно учество во тимот на “сините” беше на Светското клупско првенство, каде што исто така беше дел од победничкиот состав, иако ги пропушти последните два натпревари, бидејќи се врати во Англија за да го заврши трансферот во Арсенал.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Бек, а одигра како гол-машина: Хакими со хет-трик и две асистенции за ПСЖ!

Ашраф Хакими учествуваше во сите пет гола во победата над Ле Авр од 5:1 и го запиша првиот…