Дома Фудбал Трансферна цел на Атлетико, Јувентус и Интер оди во тимот на Роналдо

Трансферна цел на Атлетико, Јувентус и Интер оди во тимот на Роналдо

Тимот на Ал-Наср ја доби битката за потписот на дефанзивецот на Фејенорд, Давид Ханцко, известува новинарот Санти Ауна.

Саудијците ќе му платат на холандскиот клуб 35+5 милиони евра, а самиот играч ќе добие договор за 3+1 година, при што неговите медицински прегледи веќе се планирани.

Во изминатата година, Ханцко беше неколку пати поврзуван со трансфер во Атлетико Мадрид и Јувентус, а во последните денови беше споменавано дека е следен и од Интер.

Сепак, 27-годишниот играч ќе замине за Саудиска Арабија, каде што ќе стане соиграч на суперѕвездата Кристијано Роналдо. Словачкиот репрезентативец мина три сезони во Фејенорд, при што за тој период забележа 140 натпревари со 15 голови и 12 асистенции во дресот на тимот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Бек, а одигра како гол-машина: Хакими со хет-трик и две асистенции за ПСЖ!

Ашраф Хакими учествуваше во сите пет гола во победата над Ле Авр од 5:1 и го запиша првиот…