Дома Македонски спорт Мак фудбал ПМФЛ: Шкендија со шест погодоци до победа, Вардар направи пресврт, „пандевци“ лидери

ПМФЛ: Шкендија со шест погодоци до победа, Вардар направи пресврт, „пандевци“ лидери

Денес во рамките од петото коло во македонската прва лига се одиграа пет натпревари.

Актуелниот шампион Шкендија одигра натпревар со дури осум погодоци и славеа против Работнички со убедливи 6:2, тетовци заедно со Вардар се единствената непоразена екипа во новата сезона.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Вардар кој како што споменацме се уште е без пораз има еднаков учинок како и Шкендија од три победи и две нерешени средби.

Денес црвено-црните со пресврт во натпреварот против Шкупи стигнаа до победа од 2:1.
Академија Пандев која игра одлично на стартот од сезона и бележи учинок од четири победи и еден пораз денес славеше победа против тимот на Силекс од 3:0.

Македонија Ѓорче Петров и Беласица одиграа реми без голови 0:0, додека Победа со 1:0 беше подобра од Ренова.

После пет одиграни кола лидер во првенството е тимот на Академија Пандев со 12 освоени бодови, потоа следуваат Шкендија и Вардар со по 11.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Македонските ракометарки поразени од Хрватска

Женската ракометна репрезентација загуби од Хрватска со 18-26 во рамки на турнирот „Кроаци…